Милијардерите, 75-годишниот Бери Шерман и неговата 70-годишна сопруга Хани, кои во декември биле пронајдени мртви во својата куќа, не извршиле самоубиство, туку биле убиени. Ова го утврдиле приватните детективи кои биле ангажирани од нивните деца.
Нивната сосетка вели дека не е изненадена од пресвртот во истрагата.
“Тие никогаш не би го направиле тоа, никогаш не би завршиле на тој начин”, вели Ели Кантер.
Новите информации од приватните детективи не се поклопуваат со полициската истрага која тврдела дека парот извршил самоубиство. Тие биле пронајдени на 15. декември обесени на оградата од базенот во подрумот на својата вила.
Детективите сега откриле дека мажот и жената околу вратот биле врзани со црни колани. Пронашле траги од сличен материјал на нивните зглобови, поради што се верува дека рацете им биле врзани.
Меѓутоа, Од друга страна, полицијата не пронашла никакви докази за насилно влегување во вилата. Инспекторите веруваат дека Шерманови биле убиени на 13. декември, а не на 15., кога биле пронајдени.
На тоа укажува фактот дека Хани била пронајдена во истата облека која ја носела и на 13. декември, односно два дена пред да бидат пронајдени нивните лешови. Хани имала исеченици на устата и носот, поради што се верува дека се борела со убијците. Можено е дури и да била убиена на друга локација, а нејзиното тело подоцна да било префрлено во домот.
Инаку, Бери Шерман бил основач и шеф на управата на фармацевтскиот џин “Апотекс” кој продава генерички лекови ширум светот. Бил еден од најбогатите луѓе во Канада, познат како истакнат филантроп. Се верува дека зад себе оставил богатство тешко 5,77 милијарди долари.