РЕСПЕКТ: Даниел без промотивен материјал на Евровизија, средствата ќе се донираат за Детска клиника


По одржувањето на втората техничка проба, следеше прва заедничка прес конференција на Даниел Кајмакоски и MERJ.

На почетокот Даниел се заблагодари на целиот авторски тим кој работеше на Autumn Leaves, особено на композиторот Јоаким Персон и аранжерот Роберт Билбилов.daniel 23

Даниел изјави дека е пресреќен што е на евровизиската сцена заедно со неговите идоли од детството – MERJ од Blackstreet, и заедно го отпеаа рефренот од нивниот голем хит No Diggity.

Воедно, Даниел зборуваше за неговата иницијатива за хуманитарна акција. Тој и неговиот тим одлучија средствата наменети за печатен промотивен материјал да се донираат на Одделот за Интензивна нега при Детската Клиника во Скопје, за што доби голем аплауз од присутните новинари.

На крајот Даниел изјави: „Пресреќен сум и возбуден што ќе настапам на Евровизија во Виена, градот во кој што пораснав и ќе ја претставувам мојата земја Македонија.”

Даниел и MERJ се подготвуваат за утрешната македонска евровизиска вечер, на која се поканети новинари и делегации од сите држави учеснички.

Тие исто така утре вечер ќе настапат на еден од најголемите хуманитарни настани во светот, престижниот Life Ball, заедно со бројни светски музички ѕвезди.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1