Во Словенија бил забележан првиот случај на заболување на човек од бабезиоза, ретка болест слична на маларијата, која во некои случаи, ако не се лекува, може да биде смртоносна, пренесува Индекс.
Станува збор за инфекција со паразити од родот бабезија што ги пренесуваат болви и ги напаѓаат црвените крвни зрнца, а инаку е присутна главно кај животните. Во Европа се забележани само неколку десетици случаи на пренесување бабезиоза на луѓето, пишуваат денес словенечките медиуми, пренесува МКД.мк.
Дека станува збор за прв случај на пренесување на таа ретка болест на човек во Словенија било утврдени до анализа на крвта на пациентка која неодамна била примена во болница во Мурска Собота. Таа имала висока температура, мачнина и болки во мускулите.
Во крвта ѝ биле пронајдени паразити – предизвикувачи на бабезиозата, што го потврдила и дополнителната анализа извршена на Медицинскиот факултет во Љубљана.
Во Словенија болвите многу често на луѓето им ја пренесуваат лајмската борелиоза, исто така опасна болест. Годишно се пријавуваат илјадници такви случаи, а во последните години е меѓу најчесто пријавуваните инфекции.