Состојки: 500 г меко брашно, 100 г остро брашно, 3 дл млеко, 40 г свеж квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 2 лажици путер, половина дл масло, 3 лажици ајвар
Приготвување: подгрејте го млекото, додајте го шеќерот, како и лажица брашно и квасец. Оставете неколку минути да нарасне течноста.
Брашното измешајте го со солта, па тогаш додајте ги смекнатиот путер и маслото. Потоа додајте ја нараснатата течност со квасецот и ајварот. Сето тоа добро измесете го додека да добиете мазно сјајно тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го на топло место за да се удвои.
Кога тестото ќе нарасне, ставете го на работната површина и размесете го во правоаголник, така што пократката страна треба да ја има должината на плехчето во кое ќе печете. Завртете го тестото во ролна, почнувајќи од пократката страна. Ставете го ролатот во плех обложен со хартија за печење. Намачкајте го со малку масло и оставете го тестото уште половина час.
Печете 40 минути во рерна загреана на 200 степени.
Последните 15 минути покријте го тестото со фолија за горната корка да не ви изгори и поцрни.
Кога лебот е испечен, испрскајте го малку со вода, покријте го со крпа и оставете го да се излади.
Нова Македонија