Рецепт – како да ги направите познатите Фалафел ќофтиња (Видео)


Потребно за Фалафел ќофтиња

  • 200 гр сурова леблебија
  • 2 средни главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • пола китка магдонос
  • 2 лажици брашно
  • пола лажиче мелен ким
  • пола лажиче црвен пипер (може и лут)
  • по потреба сол и бибер
  • ако имате коријандер
  • 1 лажиче прашок за пециво

Falafel31. Леблебијата прелијте ја со студена вода (нека има барем дупло повеќе вода од леблебија) и ставете ја да преноќи во фрижидер. Следниот ден исцедете ја и измијте ја.
2. Во сецко ставете ја леблебијата, кромидот, лукчињата и магдоносот. Се исетнете, но не да стане каша. Структурата треба да биде зрнеста.
3. Извадете ја смесата од сецкото, ставете го брашното, прашокот за пециво и зачините и се измешајте. Формирајте ќофтиња со дијаметар околу 4 см и ставете ги во длабоко масло да се пржат.

Кога ќе се зацрвенат од сите страни извадете ги на хартија да се впие вишокот маснотија. Од оваа смеса мене ми излегуваат околу 18 ќофтиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1