Режисер од Тетово се обидел да силува девојчиња


Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години биле жртви на обид за полов напад од страна на режисер вработен во Културниот дом во Тетово, дознава ТВКисс од тетовската полиција.

iscelitel siluvanjeИмено, на шеснаесетти месецов, околу 10. 30 часот во една канцеларија во културнииот дом Иљо Антески Смок Тетово, 55-годишниот тетовец ги повикал, а потоа и понудил со кафе девојчињата по што почнал да разговара со нив околу сексуалните потреби и начин на изведување. Откако не успеал да направи ништо со едното девојче се обидел со другарка кај која исто така наишол на отпор. По ова, девојчињата се јавиле на своите родители и заедно со нив случајот го пријавиле во полициската станица Тетово.

Тетовецот кој се обидел да го изврши половиот напад е приведен и задржан за понатамошна работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1