Рикер е разочаран од некои политчки лидери во Македонија


Американскиот помошник на заменикот на државниот секретар Филип Рикер денеска изјавил дека Вашингтон е разочаран од делувањето на “некои лидери” во нашиот регион.

rikerНа денешниот брифинг во американската амбасада во Брисел, во рамки на полугодишниот состанок САД-ЕУ за Западен Балкан, Рикер потенцира дека Вашингтон е разочаран од делувањето на „некои лидери“ во нашиот регион. Оваа изјава може да се протолкува како ритика и порака упатена до лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, пренесува МИА.

– САД се малку разочарани од некои политички лидери кои со своето однесување го пренасочуваат фокусот на вниманието во своите земји од важни работи, а за свои лични програми. Во таа смисла може да се смета 2012 година и како година на разочарување за некои работи, порачува првиот човек на Стејт департментот за Западен Балкан.

Рикер, кој е поранешен амбасадор на САД во Скопје, денеска има состаноци со Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Европската комисија и НАТО, но ја пофали ангажираноста на Европската унија во однос на Република Македонија.

– Македонија има посебен предизвик во односите со Грција која направи застој на процесот на приближување на оваа земја до ЕУ и НАТО. Но, Европската комисија се прилагоди на овој случај и најде начин со Македонија да го покрене Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што ќе овозможи додека се бара решение за прашањето за името, да продолжи приближувањето на Македонија во Унијата, а тоа важи и за членството во НАТО, потенцираше Рикер.

Помошникот на заменикот на државниот секретар на САД ја пренесе и загриженоста на Вашингтон за националистичката реторика на политичарите во Албанија, потенцирајќи дека популизмот и националистичките пораки не помагаат за создавање работни места и развој на економијата. Тој им порача на Косово и Србија да продолжат со дијалогот и да ги следат пораките од ЕУ, потенцирајќи дека е најважно наоѓање решение за северниот дел на оваа земја и укинување на паралелните структури во овој дел од територијата на нашиот северен сосед.

– По многу години заедничка работа со ЕУ на изградба на мир, развој на демократија итн., сега фокусот на Западен Балкан е на негова евроатлантска интеграција, порача на крајот Рикер

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1