Рикер: Нема дијалог меѓу Србија и Косово додека не се укинат таксите


Идниот помошник државен секретар на САД, Филип Рикер, зборувајќи за односите меѓу Косово и Србија, рече дека нема дијалог меѓу двете земји сé додека не се укине данокот за српските и босанските производи. Според Рикер, со тоа што не се укинува данокот, Косово ризикува сé, дури и им штети на билатералните односи со САД. Рикер го повика Белград и го потсети дека бил агресивен во преговорите, да се ангажира во нормализирање на односите. Овие коментари Рикер ги даде за време на неговиот престој во Скопје.

„Двете земји ја ризикуваат најдобрата можност на генерацијата за да го решат ова прашање, се додека преговорите се блокирани. Дел од ова би требало да биде укинувањето на данокот за производите на Србија и Босна. За граѓаните на Косово; ја разбираме вашата фрустрација, ја разбираме вашата желба да ја контролирате вашата иднина и да ја унапредите интеграцијата на Косово во меѓународниот систем. Не се дискутира американската поддршка за вашиот суверенитет и независност. САД, може би се вашите најблиски стратешки пријатели, веруваат дека постигнувањето договор со Србија е единствениот начин на кој Косово ќе оди напред. Факт е дека Косово не може да се врати во дијалог со Србија, без укинување на данокот, за кое веруваме дека е во интерес на Косово, САД и целиот регион. Жално е и чудно што се уште имаме сериозни несогласувања со косовската Влада за ова прашање. Се плашам дека Косово им штети на нашите билатерални односи, односи кои ние многу ги цениме“, рече Рикер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1