Роберт Де Ниро одобрил контроверзен документарец против вакцинирањето


Името на легендарниот холивудски актер Роберт Де Ниро (72) ретко се поврзува со скандали, а токму затоа веста што ја потресе светската јавност поприлично силно одекнала.

Де Ниро признал дека тој е заслужен за прикажувањето на контроверзниот документарец „Vaxxed“ на филмскиот фестивал Трибека, во Њујорк.arnon-milcam-so-deniro

Дејството на филмот е поврзано со вакцините и аутизмот, но докторот Ендрју Вејкфилд, кој е автор на филмот, во минатото бил обвинуван за непрофесионализам и лажирање на податоци за своите истражувања. Де Ниро, кој е коосновач на фестивалот, барал да ја образложи својата одлука, која многумина разлутила.

– Грејс и јас имаме дете со аутизам и веруваме дека е критично сите проблеми кои се поврзани со аутизмот да бидат отворени за расправа. Во 15 години откако филмскиот фестивал Трибека е основан никогаш не сум барал да се прикаже одреден филм, меѓутоа ова е многу лична работа за мене и за моето семејство, и сакам да се отвори расправа, што е причина за прикажување на филмот „Vaxxed“. Лично не го одобрувам филмот, ниту сум против вакцинирањето, само пружам можност за разговор за ова прашање – изјавил Де Ниро за американските медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1