ФОТО: Новиот воз удри во автомобил кај Драчево – еден загинат – во возилото биле и две деца


Тешка сообраќајка се случи денеска попладне во Драчево, каде што новиот воз удрил во автомобил „фиат панда“. Според последните информации, едно лице го загубило животот.nesrekja-640x360

Во возилото биле дедо, неговата ќерка и две негови внучиња. Дедото им подлегнал на повредите, а двете деца минале без повреди, објави ТВ Нова.

На возот, кој е еден од двата нови кои пристигнаа во земјава, нема оштетувања, а, според досегашните информации, нема ниту повредени патници.

Полицијата е на теренот и се испитуваат причините за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1