Робин Вилијамс имал Паркинсонова болест!


По трагичната смрт на Робин Вилијамс се огласила и неговата сопруга која открила низ што минувал Робин последниве години. Ова е нејзиното соопштение до јавноста.

robin vilijams-Робин голем дел од животот им помагаше на другите. Дали забавуваше милиони луѓе на сцената, на филм или на телевизија, нашите трупи на фронт или болно дете во болница. Робин сакаше да се смее и да се чувствува помалку исплашено.

Од неговата смрт, сите ние кои го сакавме Робин, пронајдовме утеха во огромната љубов кон него од страна на милиони луѓе, кои биле допрени од него. Неговото најголемо наследство, покрај трите деца, е радоста и среќата која ја нудеше на другите, посебно на оние кои воделе свои лични битки. Тој беше храбар и се бореше со депресија, анксиозност, како и со рана фаза на Паркинсонова болест, што не беше подготвен да го сподели со јавноста.

Се надеваме дека трагичното заминување на Робин ќе ги разбуди другите кои ќе најдат сила да го побараат него и поддршката која им е потребна за да се чувствуваат помалку уплашени и така се борат со своите битки – напишала Сузан Шнајдер, сопругата на покојниот актер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1