Робинка на Аркан: Ме силуваа, тепаа и сечеа по гради, гасеа цигари по моите гениталии…


Немам зборови со кои може да се опише целата болка, сето понижување и стравот што го чувствуваш од тие луѓе. Ако воопшто се луѓе. Прв, втор, трет… Се редеа така задоволувајќи ја својата паганска-дивјачка похотливост, иако бев штотуку породена… Ме силуваа првпат во мојата куќа, во бесвесна состојба, пред децата. Имав само 20 години кога почна мојот пекол – вака својата страшна исповед ја почнува Бошнакињата М. М. Од Бјелине. Траумите кои ги здобила во 1992 година од рацете на злосторниците ја следат цел живот.

arkan

Нејзиното сведоштво е едно од најстрашните и треба да биде спомнато на меѓународната конференција која утре ќе се одржи во Сараево.

Според нејзините зборови, најголемите ѕверства ги правеле резервистите кои дошле од Србија, а на кои им давал наредби Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Живеев со свекрвата, сопругот и двете деца. Во почетокот на април 1992 година во куќата упаднаа неколку аркановци, брадосани, со шубари на главата. Сопругот го удрија, тој ја изгуби свеста, а потоа и мене. Се разбудив сосема гола и облеана со крв. Лежев немоќна, претепана, силувана, измачена, понижена и обесчестена – раскажаува соговорничката за Аваз.ба. Како што вели, мислела дека тоа е најлошото што ќе и се случи. А ужасот, всушност, штотуку почнувал.

– Се менуваа со денови на мене, се додека не паднев во бесвест. Сопругот повеќе не го видов. Шест месеци ме носеа кај Аркан, бев негова робинка. Тој бараше мене да ме носат кај него и постојано ми велеше: „Иста си како неа“ (мислејќи на Светлана Ражнатовиќ Цеца). Се изживуваше на мене додека не паднев од немоќ, а потоа ме препушташе на другите. Еден ден ми ја искорна целата коса. Раката ја обвитка со мојата коса, ја кубеше се додека не останав ќелава. Тој ми ја расече и дојката со бајонет – тврди таа.

Ја воделе, наведува, и на линиите кон Орашје. Таму ја давале на војниците да ја силуваат и, како што вели, да прават работи кои тешко е и да се замислат.

– Освен што ме силуваа, ме тепаа и ме сечеа по телото. Насекаде имам лузни, гасеа цигари по мене, по гениталиите… Сакам тоа го заборавам , но не можам. Лузните по вратот, рацете, целото тело ме потсетуваат секој ден на тоа – наведува таа.
Нејзината голгота, вели, траела до 18 април 1993 година, кога ја спасил сосед Србин, пријател на нејзините родители, откупувајќи ја за 5.600 германски марки.

– Отидов во Тузла, каде не сместија во бегалски камп. На 21 година бев потполно седа, потполно скршена, разорена, посебно кога лекарот ми рече дека сум бремена. Не сакав да го родам тоа дете, не можев – низ солзи наведува несреќната жена.

– Не ми е лесно да зборувам. Денес сум 100 отсто инвалид. Не можам да најдам работа. Живеам во Сараево со сопругот, кој не работи. Се храниме во „Мерхаметовата“ кујна. Редовно одам на психотерапија. Во војната изгубив 39 членови од семејството. Три пати сакав да извршам самоубиство. Среќна сега ме прави тоа што моите деца се воспитани, добри ученици, иако живееме во уништен стан, тиа се благодарни на Господ што ме имаат – вели таа.

За тортурите и голготата која ја преживеала, оваа жена раскажа по повод претставувањето на Меѓународниот протокол за документирање и истражување на случаите на сексуално насилство во конфликтот, која се одржува денеска, 19 ноември, во Сараево.

Собирот е покренат од страна на поранешниот министер за надворешни работи на Англија Вилијам Хејг и американската актерка Анџелина Џоли.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1