“Робинката од Југославија” нема да сведочи против принцот


Во центарот на секс скандалот кој ја потресува светската јавност, а чии главни протагонисти се контроверзниот инвестициски банкар Џефри Епстин и синот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Ендру, се нашла и една девојка, за која британските и американските медиуми тврдат дека потекнува од просторите на некогашна Југославија, по име Надја Марчинкова.

Американските медиумите тврдат дека девојката по име Надја Марчинкова, самиот Епстин ја купил од нејзиното семејство кое живее “некаде во поранешна Југославија” и ја однел во САД.

robinka nadja
Тие го пренесуваат и исказот на сведокот кој навел дека Епстин ја опишал Марчинкова како своја “сексуална робинка од Југославија, која ја купил од нејзините родители”, повикувајќи се на тајни полициски извештаи.

Медиумите наведуваат дека Марчинкова работела како брокер во компанијата “Douglas Eliman”, меѓутоа, според американски Gawker, таа никогаш немала дозвола за занимавање со оваа работа на подрачјето на Флорида и Њујорк.

Меѓутоа, во својата официјална биографија, како и на социјалните мрежи, Марчинкова се нарекува Надја Марчинко. Таа тврди дека по потекло е од Словачка и дека во таа земја, како тинејџерка, била откриена од агенција за модели. По успешната кариера како топ модел, во која работела како заштитно лице на голем број на куќи како “Chanel” и “Dior”, станала пилот и сопственик на авио-компанијата “Avilup”.

Надја во својата биографија се фали со “претприемачкиот дух кој го развила уште како дете во родната Словачка, кога на децата од соседството им продавала невидливи домашни галеничиња”.

По завршувањето на манекенската кариера, Надја посетувала обука за пилот, за да “го победи сопствениот страв од летање”. На социјалните мрежи таа е позната како “Global Girl”, а покрај тоа што пилотира, таа è и инструктор по летање.

Специјална пријателка

Марчинкова со тек на време станала една од најблиските соработници на контроверзниот милијардер, и è една од четирите жени кои одбиле да сведочат против него и принцот Ендру, повикувајќи се на Петтиот амандман.

Американските и британските медиуми Марчинкова ја нарекле девојка, односно “специјална пријателка” на Џефри Епстин, а изнеле дури и детали од нивниот однос.

На прашањето дали принцот и Џефри Епстин делеле малолетни девојки и ги користеле за секс, Марчинкова одговорила: “Според инструкциите на мојот адвокат, морам да се повикам на своето право на Петтиот амандман”.

Обвинителот истиот одговор го добил на сите останати прашања кои ги поставил.

Секс робинка

Неименувана девојка за американската полиција во случајот против Епстин, рекла дека Надја Марчинко била присутна секогаш кога доаѓала кај него да му дава сексуални услуги, а од неа било и барано да стапува во лезбиски односи со Марчинко. Истата личност потврдила дека Епстин ја нарекувал Марчинко “југословенска робинка”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1