Ова убиство се случило во фабриката на германската компанија „ Volkswagen“ во Баунатал.
Работата на роботот била да зема авто-делови од лентата, но по грешка наместо дел, тој го зграбил човекот и со него удирал во метална плочка.
Загинатото 22-годишно момче не било работник во “Volswagen”, туку дел од томот кој ги составувал роботите, потврдил портпаролот на фабриката, Хеико Хилвиг.
Првичните резултати од истрагата укажуваат на тоа дека за несреќата е виновна човечка грешка, а не проблем со роботот, кој може да се програмира да врши различни задачи во рамките на производните процеси.
Портпаролот објаснил дека задачата на конкретниот робот е да зема авто-делови од лентата и потоа да ракува со нив.