Родените на 13, 14, 16 и 19-ти имаат посебна карма


Во нумерологија постои теорија дека луѓето родени на 13, 14, 16 и 19-ти, независно од месецот и годината, имаат посебна карма.numerologija-640x340

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го реализираат секој сон и цел, но треба да се научат да се справуваат со пречки. По секој неуспех тие се во емоционален колапс, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.

Секоја цел во животот, тие ќе ја достигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да Ве плаши, туку напротив, да ве мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Ако сте вие ​​од нив знајте дека Вашата карма вели дека треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, со учење. Се проценува дека вие имате моќ да го промените дури и светот, а не само некоја мала ситница од Вашиот живот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само е потребно повеќе да верувате во себе. Не треба да сте иронични и цинични – ова однесување ќе Ви создаде негативна енергија, која ќе Ви оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да го следите. Секој ден треба да Ви биде почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример, да насадите дрвце, да добиете пријател, да помогнете некому, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место, град или држава.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓето кои изобилуваат од морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и седење дома, но тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да се надополнувате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на Вас и Вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе им го спасите животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надеж, Вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1