Дали мислите дека врз вашето здравје може да влијае месецот во кој сте родени? Според група научници може. После темелно истражување научниците дошле до следниве сознанија.
Родените во месец јануари ризикуваат да доживеат психички заболувања. За тоа можеби е виновен недостатокот на светлина во последниот месец од бременоста. Тоа делува на намалување на синтеза на витаминот Д, со чија помош се формира мозокот на бебето.
Родените во месец февруари и март често страдаат од алергиска настинка и други видови алергии. Раѓањето неколку месеци пред поленот да полета низ воздухот, го зголемува ризикот од алергија кон нив. Родените во март ретко доживуваат до длабока старост. Кај нив има склоност кон болести на кардиоваскуларниот систем и болести на дишните органи.
Родените во април и мај се склони кон алкохолизам и депресија.
Оние кои се родени во лето и во есен имаат отпорен имунолошки систем. Интересно е што родените во август имаат повисока отпорност од родените во јуни и јули.
Карактеристично за оние кои се родени во август, септември и октомври е што се раѓаат пред појавата на месеците со големи студови. Штом ќе стане ладно, бебињата го поминуваат поголемиот дел дома. Родените во септември или октомври се соочуваат со алергија на домашен прав.
Родените во октомври, ноември и декември често доживуваат старост речиси до сто години. Спрецифично е тука дека кај оние кои се родени во декември постои голем ризик од заболување од шизофренија или маникално-депресивна психоза