Питон се вовлекол во колевка на бебе и почнал да го голта


Бебе од Илиноис, САД, било нападнато од питон, долг околу 60 сантиметри. Питонот бил домашно милениче на жена од соседната куќа и избегал. Се вовлекол во лулката на малиот Вилијам и почнал да го голта неговото стопало, бебето заплакало и за среќа неговиот татко го чул плачот.

Околу 23 часот, таткото слушнал дека бебето плаче, па отишол да провери што се случува. Кога тој се обидел да го подигне неговиот син од креветчето, почувствувал нешто ладно на рацете, па брзо го вклучил светлото.

“Видов како змијата се витка околу неговата нога обидувајќи се да ја проголта. Да задоцнев малку, змијата ќе му се обмоташе околу вратот и Вилијам немаше да го дочека својот прв роденден“, изјавил таткото Девин Вајнанс за Еј-Би-Си Њуз.

Девин успеал да ја отргне змијата и да ја завитка во ќебе. Пријавил во полиција и питонот бил однесен во засолниште за животни. Детето е пренесено во болница каде му биле санирани гребнатините и модриците од стапалото.

Полицијата утврдила дека змијата побегнала од домот на 23 – годишната Шелби Гајет. Девојката ќе мора да оди на суд бидејќи миленичето не го чувала на сигурно место. Семејството Вајнанс по овој инцидент не сакало повеќе да ризикува, па се отселиле.

Нет прес

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1