Снегот го затвори аеродоромот во Загреб


Поради невреме пропратено со снег од утрово ниту еден авион не полетал ниту слетал на аеродромот во Загреб.


„Кроација ерлајнс“ ги откажа летовите од Загреб за Лондон, за Виена, за Франкфурт, за Цирих, за Минхен и за Сплит. Откажани се и летовите од Приштина, од Сараево, од Сплит и од Дубровник за Загреб.
Портпаролот на аеродромот Лидија Цапкович Мартинек изјави дека од три часот и 30 минути ангажирани се аеродромските служби, но оти нивната работа е попречена од ветерот и снегот.
Поради снегот во поголем дел во Хрватска има проблеми со автобускиот и со железничкиот сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1