Родила 8 бебиња – сите и починале во раце во ист ден


Менди Алвуд и нејзиниот сопруг биле неизмерно среќни кога дознале дека ќе станат родители, а среќата била уште поголема кога дознале дека очекуваат осум бебиња. Но во 24 недела од бременоста Менди добила болки и докторите морале да ја породат, па во септември 1996 година таа родила шест момчиња и две девојчиња.

majka pogrebБидејќи биле родени значително пред терминот, бебињата биле многу мали и имале низа сериозни здравствени проблеми, па докторите им рекле на родителите дека има шанси ниедно бебе да не преживее.

-Секое од нив го држев во раце по два и пол часа, па потоа едно по едно ми умираа во раце. До денешен ден ја чувствувам болката која ја чувствував тогаш, ова е најлошото нешто што може да и се случи на една мајка, вели таа.

Менди и нејзиниот сопруг денес се сеќаваат на нивните осум бебиња Кипрос, Адам, Мартин, Касиус, Нелсон, Доналд, Китали и Лејни, кои прерано го напуштија овој свет.

Менди Алвуд со солзи во очите ја раскажа својата тажна животна приказна на 17-годишнината од смртта на нејзината осумка. 

majka

majka2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1