Родила девојче на 67 години, забременила по природен пат


Жената која медиумите ја нарекоа „Тијан“, родила во петокот со царски рез здраво девојче во провинцијата Шандонг, јавуваат локалните медиуми.

Лекарите во породилишта во градот Заоџуанг потврдиле дека 67-годишната пензионирана лекарка се породила во нивната болница, во која порано работела, а портпаролот изјавил дека жената забременила по природен пат откако го употребила своето познавање на медицината за да го примени традиционалниот кинескиот начин на лекување на неплодност, наведува Си-ен-ен.

– Детето е подарок од небото за двајцата – изјавил 68-годишниот сопруг на госпоѓата Тијан за порталот guancha.cn.

Англискиот весник „Глобал тајмс“ пишува дека брачниот пар на девојчето му го дал името „Тианци“, што значи „Подарок од рајот“.

Ако се потврди дека г-ѓа Тијан зачнала по природен пат, нејзината бременост ќе биде евидентирана како светски рекорд.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жена која родила во 1997 година, родила природно зачнато дете е Британка, а детето е донесено на свет на 59-годишна возраст.

Светскиот рекорд сè уште го држи Марија дел Кармен Бусада Лара од Шпанија, која со помош на вештачко оплодување во 2006 година, родила близнаци на 67-годишна возраст. Две години подоцна, таа починала од рак.

Локалниот весник „Јинан Тајмс“ пишува дека г-ѓа Тијан веќе е мајка на две деца. Едното од нив е син роден 1977 година непосредно пред стапувањето на сила политиката на на едно дете, чија цел била да се задуши преголемиот природен раст на жителите на Кина. Неодамна, оваа политика е ублажена, па на сите парови им е овозможено да имаат две деца.

Оваа брачна двојка има и ќерка, и неколку внуци, од кои најстарата има 18 години.

Според Си-ен-ен, децата се спротивставиле на тоа нивните родители да добијат уште едно дете.

– Мојата ќерка дури рече дека ако го доведам ова бебе на свет, ќе ги прекине сите односи со нас – рекла жената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1