Родила син три години после смртта на неговиот татко


Мишел Кларк го загубила сопругот Карл додека била бремена со близнаци. За жал близнаците се родиле пред терминот и починале набрзо по раѓањето. Бидејќи Карл дозволил да ја користат неговата сперма после смртта, Мишел во тајност направила вештачко оплодување и го добила синот Макс. Тој се родил три години подоцна, на истиот ден кога починал неговиот татко.

66072_profimedia0198823849_630x0На Карл во 2007 година му била дијагностицирана леукемија. Имал само 24 години, а и покрај хемотерапијата и трансплантацијата на коскена срж починал во 2010 година.

По пат на вештачко оплодување Мишел истата година останала бремена. Кога била во третиот месец од бременоста, Мишел останала без сопругот, а во седмиот месец веќе морала да се породи пред време бидејќи стресот го забрзал породувањето. За жал, близнаците не издржале и две недели по раѓањето починале.

Сепак, Мишел решила да добие потомок со својот сакан сопруг, па го искористила тоа што ја зачувале неговата сперма и повторно минала низ вештачко оплодување. И кажала само на мајка и во случај да не успее зачнувањето. По три неуспешни обиди Мишел забременила. Вели дека не може да ја опише реакцијата на мајката на Карл кога дознала дека ќе добие внук од него.

Бременоста минала нормално, Мишел родила здраво момче.

Screenshot_2

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1