Родилката починала од крварење – внатрешна комисија ќе го испитува случајот


Родилка и нејзиното бебе синоќа починаа на скопската клиника за гинекологија . Докторите велат причина за смртта на мајката била згрутување на крвта по извршениот царски рез . Внатрешна контрола ќе го испитува случајот . Родилката која била во деветти месец дошла на преглед, а по направеното ЦЕ-ТЕ-ГЕ, и било кажано да почека оти снимката била сомнителна, но плодот бил жив. родилката се вратила после час и половина поради крварење , но лекарите констатирале дека бебето е мртво.

Непосредно по утврдување дека плодот е мртов, следела процедура за корона тестирање .Родилката била хоспитализирана во посебна соба , а после еден час бил направен царски рез со кој било извадено бебето. Иако според лекарите операцијата била уредно завршена, компликации сепак се појавиле.

„После царскиот рез во петокот таа започнала обилно и неконтролирано да крвари, поради што во саботата, друга екипа направиле интервенција при што е извадена матката. Направено е се но, крварењето било неконтролирано од сите страни, како резултат на дефект на коагулацијата,поради што слабее срцето, а почнале да откажуваат бубрезите и другите органи што довело до смрт“ – изјави др. Сашо Стојчевски.

Родилката имала четири деца и шест абортуси. Ова и билa 11 бременост. Стојчевски смета дека двете екипи направиле се што можеле, но сепак најави дека случајот ќе го испитува внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК. Се поставува прашањето дали тоа ќе го направат и други независни институции и дали Министерството за здравство ќе покрене постапка за формирање комисија. Обдукција не е направена, оти наводно од семејството побарале да го земат телото. Но законската регулатива е децидна – обдукција е задолжителна, особено во вакви случаи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1