Родители и четири деца повредени во сообраќајка


Шест лица се повредени, од кои четири деца, во сообраќајката што се случи на патот Маврови Анови – Дебар. Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Според информациите на СВР Тетово сообраќајката се случила околу 16 часот кога патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ (46) од Голема Речица се судрил со товарно возило „ман“ управувано од М.Б (43) од село Челопек.

Во несреќата покрај возачот на „мерцедесот“ повредени се неговата сопруга Е.Џ (36) и четири малолетни деца кои биле во автомобилот. Повредените деца, од кои едно потешко, се префрлени на скопските клиники.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1