Родители ќе ви се смрзне крвта – Опасни по живот игри во училиштата во Македонија – еве кои


Неколку пати се случило некое дете да ризикува претрчувајќи улица токму во моментот кога има метеж од возила. Знам дека имало и такви што седат на работ од тераса од повеќекатниците најмалку пет минути само за да бидат дел од играта наречена вистина или предизвик –  раскажува за Дневник еден ученик од седмо одделение од едно основно училиште во Скопје.

ulica decaТој објаснува дека станува збор за игра која порано се нарекувала игра со шише. Децата седат во круг, завртуваат празно шише и кон кое ќе покаже тенкиот дел до шишето, мора да исполни некаква задача. Но, во таа игра најдалеку се одеше до бакнеж или некое скокотливо прашање, а сега станува збор за предизвици, кои често се опасни за животот на децата.

На пример, една од задачите зададена на дете од училиште била да претрча преку булеварот кај пазарот Буњаковец, но штом ќе се запали зелено светло на семафорот. На друго дете му било зададен предизвик да се качи на највисокото дрво во училишниот двор.

Според неколку деца со кои разговаравме, оваа игра е прифатена во повеќето скопски училишта. Според нив, веќе се формирале групи на социјалните мрежи каде што се соопштуваат најекстремните предизвици на учениците. Така, децата што избрале да бидат дел од оваа игра, имаат увид во кои училишта какви предизвици се практикуваат.

На еден ваков настан бевме и случајни очевидци кога пред некој ден група момчиња и девојчиња, кои имаа по тринаесетина години, се подготвуваа за „предизвик“ на булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром. Тие гласно навиваа за својот другар кој се подготвуваше за играта, а додека сфативме што всушност се случува, без можност да реагираме, тој веќе ја претрча улицата. С` се случи за дваесетина секунди. Детето едноставно претрча преку булеварот и се врати, па додека собираше воздух, можевме само да ги уловиме вџашените погледи на некои од возачите кои беа на секунди од несреќа.

Една група деца му дава задача да друго дете, ако не успее, тогаш е отфрлен од друштвото. Ќе биде сам. Затоа почесто одговараме на незгодни прашања. На пример, ние девојчињата треба да одговориме дали имаме добиено месечен циклус или да опишеме машки полов орган и слично, но најчесто зборуваме за симпатии. Но, има и задачи, на пример, дете да се качи на највисоката гранка на некое дрво или да се бакне со некого. Едно момче доби задача да праша една баба дали е хомосексуалец. Бабата збесна – ни раскажува девојчето.

Маја М. е мајка на дете што е дел од оваа игра. Таа вели дека направила лажен профил и успеала да влезе во фејсбук-групата каде што се споделуваат искуствата од предизвиците на учениците што учествуваат во неа.

– Kосата на глава ми се крена. Не можев да се изначудам што с` им паѓа на децата на ум. Некои деца се фалат дека веќе неколку пати трчале преку булеварите, но предизвикот бил тоа да го направат само пред црвени возила. Имаше деца што кажуваа дека прескокнале кај соседите на тераса и тоа на трети кат. Во мое време беше поинаку, да се бакне симпатија, но сега децата бараат две девојчиња или момчиња да разменуваат француски бакнежи или другар да се соблече гол пред девојчињата, но и екстремни – да пијат чашка виски на екс, да претрчуваат пред возила, да проба цигара, да истрча по гаќи. Зборував со моето дете. Ми кажа дека знае за играта, но и дека не учествува. Навистина не знам како да постапам, ама сум смрзната од страв – вели Маја.

МариЈа Тасев за Дневник 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1