Очајните родители на дете на кого вратот му е свиткан под агол од 180 степени, признаваат дека сакаат нивниот син да умре за да не пати повеќе.
Махендра Ахивар (12) од Мадхуа Прадеша во централна Индија боледува од ретко пореметување од кое неговиот врат се свиткан така што неговата глава виси од телото.
Не може да стои и да оди, осуден е да седи цел живот. Може да лази, но не може сам да се храни и оди то тоалет.
Неговите мајка и татко, Мукеш и Симитра ахивар, велат дека посетиле 50 доктори низ цела Индија, но ниту еден од нив не знае да воспостави дијагноза за несреќното дете.
– Не можам да го гледам повеќе како пати. Тоа е ужасно. Тој не може ништо сам. Само седи во аголот од собата по цел ден. Тоа не е живот, вели неговата скршена мајка и додава „Ако докторите не можат да му помогнат, подобро Бог да го земе крај себе“.
-Другите наши деца се нормални, родени се без проблем. И Мехендра е роден во куќата исто како и неговите брат и сестра, раскажува таткото на детето.
Приметиле дека главата на нивниот син паѓа кога имал шест месеци.
-На почетокот мислевме дека малку слаб и дека со тек на веме ќе зајакне, но на неговиот трет роденден не беше во можност да ја држи главата исправено, објаснува неговиот татко.
Мукеш, кој заработува околу две фунти дневно на градилишта, позалмил пари од своите пријатели и роднини, да проба да дпронајде медицински третман кој ќе му помогне на неговиот син.
– Ги посетив сите болници кој можев да си ги дозволам. Дури бевме и во Индискиот институт по медицински науки во Љу Делхи, но и покрај тоа што помина 2 недели таму, докторите не можеа да ни кажат дали нашиот син некогаш ќе биде подобар. се вративме дома со скршени срца и одлучивме да пробаме му го направиме животот колку можеме поугоден.
Таткото на детето вели дека најмногу боли однесувањето а луѓето кога ќе го видат неговиот син.
– Зборуваат лоши работи за него. Му се смејат. На мене знаат да ми кажат дека сум направил нешто многу лошо во животот и затоа мојот син е таков каков што е. Тоа многу боли, вели Мукеш.