Родителите на 25-годишната девојка Фатима, патничка во малезискиот авион MH17, кој се урнал на истокот на Украина, пристигнале на местото на несреќата во потрага по својата ќерка.
Џорџ и Ангела Дизинки од Австралија, положиле цвеќе на местото каде што се урнал боингот. Тие се први членови на некое од семејствата кои го посетиле местото на трагедијата.
Мобилниот телефон на нивната ќерка продолжил да ѕвони по несреќата.
“Дали го видовте извештајот на CNN за мобилните телефони? Дојдовме да провериме…”, наведува Џорџ, кој не сака да го прифати фактот дека неговата ќерка повеќе не е меѓу живите
CNN инаку објавил приказна за проруските сили, кои се јавувале на телефоните на жртвите. Родителите се одлучиле на опасниот пат, во срцето на војната во Украина, и покрај советите да не патуваат.
“Никој не зборува за преживеани и мора да постои причина за тоа. Постојат некои докази дека се живи”, наведуваат родителите.
Фатима Дизинки добила стипендија од IBM И требало да стане авио-инженер.