Родителите да ги вакцинираат децата, апелираат надлежните


Во Градскиот парк во Скопје беше одбележана Европската недела на имунизацијата. На манифетацијата земаа учество дечињата  од повеќе скопски училишта и  претставници од хорот Златно славејче  при што беше испартена порака дека здравјето на децата е најважно и дека родителите треба да бидат свесни дека вакцината штити од многу заразни болести, дека таа е право на секое дете, а родителите треба да го овозможат тоа право.

Доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство истакна дека вакцините се безбедни, а од околу 350.000 боцкања годишно, максимум 40.000 се со несакани реакции и тоа многу мали.vakcinacija-500

Таа посочи дека во Македонија воопшто нема, ниту имало смртни случаи предизвикани од вакцини. Реакциите од вакцините како што кажа таа , како и секој друг лек, се очекувани и лесни.

-Процентот на имунизација во Македонија е намален за околу еден до два отсто, но сепак, просечниот опфат се уште е околу 95 проценти. Ако ваквиот тренд продолжи, можно е да имаме критична група на невакцинирани деца и повторна појава на епидемии, истакна Костовска.

Додаде дека вакцинацијата е  превентивна мерка што се употребува на светско ниво. Посебни агенции и меѓународни организации ги следат безбедноста на вакцините и несаканите реакции од нив.

Одговорајќи на новинарско прашање, таа рече дека нема да се укине ниту една од вакцините што досега се употребуваат. Поливалентни вакцини ќе има од септември, а ќе се воведат и нови, против пнеумокок и рота вирус.

– Засега нема да се исфрли ниту една вакцина бидејќи иако во Македонија некоја болест не постои, сепак ја има во некоја од земјите во светот. Се додека некое заболување сосема не се искорени, во светски рамки, како што беше случајот со вариола вера, вакцините нема да се укинат, рече Костовска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1