Нови поволности: Ќе можете во пензија со откупување на стажот


Илјадници граѓани на кои им недостасува стаж за да остварат пензија бидејќи работеле во фирма која сега не постои, а не им плаќала придонеси, ќе имаат добробит од новата Владина мерка.

Овие лица работеле, најчесто во периодот на транзицијата, а компаниите не им го плаќале стажот.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов гостуваше во дневникот на Сител.penzioner

-Според нашите сознанија станува збор за 200.000 лица. Тие работеле со години, но нивните придонеси не биле плаќани. Поради тоа, тие подоцна неможат да си го остварат правото на пензија, бидејќи и да го исполнуваат условот за старосна пензија, нема да имаат 15 години работен стаж. Компаниите не им плаќале придонес, а луѓето работеле, рече Спасов.

Има група на луѓе од оваа категорија кои се во пензија, ама земаат пониска сума на пари поради помал стаж. Третата група е луѓе кои се уште работат во други фирми и компании, па им фалат неколку месеци или години стаж за да се пензионираат.

– Набрзо владата ќе ги усвои измените, секој граѓанин кој работел во фирма која сега не постои, даваме право по повластена стапка граѓаните да си го откупат стажот и да остварат право на старосна пензија. Огромен број на граѓани на овој начин ќе си остварат пензија и социјална сигурност, рече Спасов.

Поволната стапка ќе биде нисок износ кој граѓаните ќе треба да го платат. Спасов очекува во текот на месец мај Владата да усвои, па измените да поминат во Собрание.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1