Доаѓа новиот светски поредок? Илуминатите отвориле профил на Фејсбук


Илуминатите за прв пат отворено се појавија на Фејсбук, Јутуб, Твитер, а од неодамна имаат и веб страна. На нивниот официјален веб сајт стои:

– Организацијата Илуминати е елитна група на политички лидери, славни личности од светот на забавата и други влијателни луѓе на планетава. Со обединувањето на светските лидери во слободен приватен домен, надвор од политичките, религиските и географските граници, нашата организација помага во унапредувањето на благосостојбата на целата човечка раса.iluminati

Управувањето на животите на 7 милијарди луѓе не е лесна задача. Нашата должност спрема оваа планета се простира низ вековите и преживеала разни власти. За да се продолжи со функционирање низ друштвените промени, операциите на илуминатите бараат анонимност на членовите и задачите со кои тие се бават. Ние не сме пофалени ниту во една книга за историјата, ниту во еден документ. Меѓутоа Илуминатите помогнале да се обликуваат сите поголеми движење на планетата уште откога е воспоставена првата човечка власт. Нашите дела често се означени со јасни симболи кои претставуваат обележување на нашето влијание низ историјата за оние кои сакаат да истражуваат.

Со нежно и непознато водство на нашата организација, на човечката раса и е овозможено да функционира на природен начин додека учествува како дел од нашата машина која води кон подобар свет.

Aко пак сте заинтересирани да им се придружите, има листа на услови:

Членство во Илуминати се остварува само по пат на покана. Поединците кои одговараат на барањата за вклучување на Илуминатите ќе бидат контактирани на традиционален начин.

Одредени поединци кои во моментов не се членови на Илуминатите, но се кандидати, повремено се преиспитуваат за нивното можно членство. Некои од факторите и условите кои овозможуваат членство во Илуминатите се :

– Приход од над 1 000 000 американски долари годишно

– Потврден политички или финанасиски авторитет над провршина поголема од 200 000 хектари

– Уметник под договор кој вреди повеќе од 1 000 000 долари

– Корисник на Centurion Black American Express

– Писмена препорака од член на семејството или роднина кој веќе е член на Илуминатите

– Претставување на докази за значајно влијание на полето на бизнисот или забавата

Што ова значи на долг рок? Можеби значи дека Сатаната, оној кој луциферските глобалистички Илуминати го обожуваат, наскоро треба да се појави како Антихрист. Или дали тоа значи дека новиот светски поредок и на прагот?

(Wbetribune.rs)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1