Осумнаесет годишната Џејд Динсдеј од Велика Британија, доживеала три срцеви удари откако испила на екс десет коктели познати како „Јегер бомби“, кои претставуваат мешавина од горчлив ликер и енергетски пијалоци. Лекарите едвај успеаа да и го спасат животот.
Таа вечерта излегла со друштвотот. Пристигнале на место во кое се промовирал коктелот „Јегербомб“. Откако ги испила десетте пијалоци, таа продолжила да се забавува, но како алкохолот престанувал да делува, така поради количината на внесениот кофеин во организмот, таа претрпела шок.
Се онесвестила по што ритамот на работа на срцето драстично се забрзал. Родителите ја пронашле во тоалетот, клинички мртва, по што се обиделе да ја оживеат.
Нејзиниот пулс речиси и да не се чувствуваше. Беше целата сина во лицето. Беше мртва на подот од купатилото. Чудо е што Џејд и понатаму е со нас“, изјавил нејзиниот татко.
Таа е успешно оперирана, а и беше вграден и пејсмејкер.