Родителите на исчезнатата Дениса размислуваат за тужба


Семејството на Дениса Маркоска размслува за тужба против компанијата сопственик  на бродот од кој исчезна младата прилепчанка. Во отсуство на детали за истрагата на грчкото јавно обвинителство родителите на Дениса бараат одовор за судбината на нивната ќерка. Ако извештајот од Атина не даде конкретни сознанија ќе покренат постапка. Веќе контактирале со Јим Волкер, адвокат од САД кој бил специјализиран за вакви случаи, пишува Алфа.
deniza32
Родителите веќе неколку пати изјавија дека воопшто не се задоволни од тоа како се води истрагата и дека со денови никој не ги контактира за да им даде каква и да е информација. Сепак од МНР најавија дека набрзо родителите на девојката ќе бидат повикани за да им ги претстават докази собрани од грчката полиција и крајбрежната стража. Токму тие докази се во рацете на грчкиот обвинител кој се очекува наредните денови да го објави првичниот извештај за случајот. Тој треба да ги расчисти дилемите дали Дениса ќе биде прогласена за исчезната или мртва, но и за тоа како ќе продолжи истрагата.
Во меѓувреме медиумите во Грција полека го губат интересот за целиот случај. По првичното внимание, текстовите за исчезнувањето на Дениса  се се поретки. Инаку, според неофицијални информации во изминатиов период, околу 10 лица исчезнале од бродови кој пловеле на грчка територија.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1