Џабе сме се зрачеле – лекари непотребно праќале пациенти на компјутерско снимање


Доктори специјалисти непотребно испраќале пациенти на магнетна резонанца и компјутерска томографија. Министерството за здравство детектираше дека многу често издадените упати се без наод, односно со негативен наод.

Податоците од електронскиот систем „Мој термин“ покажуваат дека во Македонија низ јавните установи од јануари до јули 2014 година, биле направени 15.468 прегледи на компјутерска томографија, додека 7.806 прегледи биле направени на магнетна резонанца.

lekari-Во однос на упатите за компјутерска томографија 41 процент од нив биле упати без наод, односно испитувања каде не е пронајдена никаква дијагноза, додека кај магнетна резонанца вкупно 24 отсто од испитувањата резултирале без пронајден наод. Ова се агрегирани податоци, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Целта ни е, вели Тодоров, да укажеме на последиците од упатување на пациентите на овие снимања кога нема медицински индикации согласно упатствата на медицина базирана на докази, односно упатството за начинот на упатување на дијагностички процедури за радиолошка дијагностика и начинот на издавање на резултат за ренген дијагностика, компјутерска томографија, магнетна резонанца и мамографија.

Според ресорниот министер на овој начин, пациентот кој бил упатен на компјутерска томографија или магнетна резонанца, непотребно бил зрачен, а исто така непотребно се направил трошок во системоти и се одзело времето на некој на кој итно му е потребна ваква дијагностика.

Министерството за здравство ќе подготви кратка брошура во која концизно ќе бидат наведени сите упатства и протоколи согласно медицината базирана на докази, а истата ќе биде доставена до сите доктори специјалисти кои можат да упатуваат на компјутерска томографија и магнетна резонанца.

-Секој доктор кој што упатил пациенти, а кај повеќе од 20 проценти од пациентите што ги упатил на магнетна резонанца има негативни наоди, тогаш тој доктор ќе мора да биде подложен на обука, бидејќи непотребно ги зрачи пациентите, непотребно го оптеретува системот, прави сериозен непотребен трошок на здравствениот систем и го зима времето на некој на кој што му е итно потребна ваква дијагностичка процедура, додаде Тодоров.

Министерот рече дека ќе се постави сериозен систем и контрола и нагласи дека нема да дозволи ова да продолжи да егзистира во македонскиот здравствен систем.

Според податоците по здравствени установи процентуално каде не се пронајдени наоди од испитувањата по компјутерска томографија на прво место е болницата во Штип со 60 проценти и општата болница во Велес со 54 отсто. Во однос на магнетната резонанца најмогу снимања без утврдена дијагноза има во Штип од 50 проценти. Најмалку од испитувањата каде не е утврдена дијагноза има во старата градска болница „Свети Наум Охридски“ со 17 проценти во компјутерска томографија и 11 отсто кај магнатна резонанца.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1