Родителите на копилотот на Џерманвингс дознале за самоубиствената мисија на својот син пред да биде објавена


Родителите на копилотот на авионот ербас А320 на компанијата Џерманвингс, Андреас Лубиц,  ја откриле вистината за самоубиствената мисија на својот син неколку минути пред францускиот обвинител да ја обелодени таа информација на светската јавност.MAIN-lubitz-andreas

Родителите на Лубиц патувале кон Франција заедно со родините на жртвите, но биле „издвоени“ набрзо откако се дознало дека нивниот син е одговорен за несреќата. Според Дејли мејл, родителите на Лубиц биле пренесени на тајна локација каде ги испрашува полицијата.

Германската полиција ја претресла семејната куќа на Лубиц во градот Монтабаур, вредна 500.000 евра, како и неговиот стан во Дизелдорф. Таткото на Лубиц е успешен бизнисмен, додека неговата мајка е порфесорка по клавир. Лубиц престојувал во станот во Дизелдорф додека работел за Џерманвингс.pilot avion kokpit

Причината зошто Лубиц го урнал авионот останува мистерија, а неимененувана школска пријателка на копилотот изјавила дека тој бил депресивен.

„Очигледно „изгорел“ од работа, беше депресивен“, изјавила таа.

Податоците извлечени од црната кутија покажале дека пилотот, откако не можел да влезе во кокпитот, го внел бројот за вонредни ситуации за да ја отвори вратата, но Лубиц веднаш потоа повторно ја заклучил кабината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1