Родителите на Меган Маркл, холивудската актерка која на 19 мај ќе се омажи за принцот Хари, пред венчавката ќе се сретнат со кралицата Елизабета и со други членови на кралското семејство, соопшти портпаролот на кралската палата.
Родителите ќе имаат посебна улога на венчавката на нивната ќерка. Предвидено е таткото на Меган, Томас Маркл да ја одведе ќерка си до олтарот во капелата Свети Џорџ во Виндзорската палата.
Нејзината мајка ќе се вози со Меган во автомобилот до Виндзорската палата на денот на венчавката.
По желба на принцот Хари, на венчавката ќе бидат вклучени и членови од семејството на неговата покојна мајка Дајана, а една од нејзините сестри ќе прочита говор на церемонијата.