tijanaТаткото на Тијана, Небојша Огњеновиќ, за новинарите пред судот во Белград изјави дека формалната процедура е завршена. Тие како родители на детето за кое беа собрани парите, сега ќе можат да се откажат од нив и да ги пренаменат во хуманитарни цели.

Овој случај предизвика огромно внимание откако пред неколку месеци некои српски медиуми објавија дека родителите на Тијана ги подигнале парите од сметката и ги зеле за себе.

– Никогаш немавме намера да ги задржиме парите за себе. Ниакде не побегнавме, гледате дека сме тука – изјави Небојша Огњеновиќ.

Тој изјави дека во договор со Министерството за здравство ќе се утврди на кој начин ќе се трошат парите.

Во хуманитарната акција за собирање на пари за операцијата на Малата Тијана се собраа 2 580 000 евра – пишува Блиц. 915 000 евра биле потрошени за превозот и лекувањето на Тијана во Хјустон и за погреб на девојчето. Преостанатите 1 665 000 евра не се подигнати.

На денешната оставинска расправа семејството Огњановиќ го прифатило наследството од кое по добивањето на решението, ќе се откажат.

– Тоа беше неминовно бидејќи во оваа истуација законски само ние можеме да направиме пренамена на парите и да се откажеме од нив во хуманитарна цел – изјави Небојша Огњеновиќ.

Одредени медиуми пишуваа дека парите биле подигнати од Комерцијална банка но тоа го демантираше министерството за внатрешни, и лично српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Родителите не сакаа да ги коментираат овие пишувања и изјавуваа дека се ќе биде завршено на суд.