Родителите на учениците денеска на протести против Законот за учебници


Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора има“ денеска излегоа на протести.

Протестите доаѓаат откако МОН не им излезе во пресрет на барањата кои ги доставија. Претходно учениците по барање на родителите ја бојкотираа наставата во знак на револт против предлог Законот за учебници. Бојкотот е прекинат бидејќи сме на крајот од оваа учебна година, па родителите сметаат дека децата не треба да губат од знаењето.

Покренаа иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.

Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.

Освен предлог Законот за учебници, во барањата на Иницијатијавата „Учебници настава мора да има“ имаше точки и за најавеното интегрирање повеќе предмети во еден, но и другите реформи кои се планираат за од септември.

Според предлог-Законот за учебници, дигиталната верзија на учебниците ќе станат примарни материјали за учениците. Хартиени учебници ќе мора родителите сами да ги принтаат. За оние семејства кои нема да можат да си го дозволат тоа, принтањето ќе го прават училиштата.

Од МОН велат дека тоа сепак не значи оти во училница интензивно ќе се користат техничките уреди, туку тоа ќе се прави само за одредени теми и предмети каде ќе биде неопходно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1