Родителите заради неа ќе банкротирале, а денес заработува 3,5 милиони долари од улога


Мили Боби Браун, најдобрата млада актерка за 2016 година има неверојатна животна приказна. Агенти безброј пати ја одбиле, но таа не се откажала и сега ја плаќаат милиони.

Англичанката не отстапила од своите соништа, а упорноста и тоа како и се исплати, затоа што денес е ѕвезда од хит серијата „Stranger Things“, во која ја глуми Елевн – девојче со телекинетички способности.mili-bobi-braun

Мили Боби Браун пофални зборови за својот актерски талент добила и од режисерот Стивен Спилберг.

12-годишната Мили до својата четврта година со родителите, двете сестри и братот живеела во Шпанија. Семејството потоа се преселило во родната Англија, а четири години подоцна заминале за САД.

– Беше тешко. Многу се плачеше во моето семејство – изјавила Мили за првите денови во САД.

Нејзините родители го продале имотот и сe вложиле во нејзината кариера. Биле пред банкрот, а едно време морала да ги финансира и првата менаџерка на Мили. Постарата сестра никако не можела да се навикне на американскиот живот и се вратила во Англија, а неколку месеци подоцна истото го направиле и останатите членови на семејството, зашто веќе немале пари ни за храна.

– Ниту во Англија немавме дом. Извесно време живеевме кај тетка ми“, се присетила Браун.

И по извесно време Мили го добива судбоносниот повик за серијата „Stranger Things“. Магазинот „Тин Вог“ ја прогласи за најдобра млада актерка во 2016 година, а има и големи обожаватели кои си го тетовираат нејзиното име.

– Најпосле го живеам својот сон, но не ги заборавив тешките почетоци. Се заколнав дека славата нема и не смее да ме смени“, заклучила 12-годишната Мили Боби Браун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1