Родната куќа на Адолф Хитлер во местото Браунау ќе биде урната за да се спречи да стане „неонацистичко светилиште“, објави австрискиот министер за внатрешни работи Волганг Соботка.
– Куќата на Хитлер ќе биде урната. Можат да останат темелите, но на нив ќе биде изградена нова зграда. Тој објект ќе биде користен во хумнитарни цели или ќе го користат локалните власти – рекол Соботка за австрискиот „Пресе“, пренесе генцијата АФП.
Австриската влада ја донела на средината на јуни одлуката за одземањето на родната куќа на Адолф Хитлер во местото Браунау од нејзината сопственичка. Владата го прифатила предлогот на Соботка зданието да се одземе од сопственичката, со која не било можно да се постигне договор околу судбината на куќата. Во владата, меѓутоа, не мислат сите дека куќата би требало да се урне.Соботка порано рекол дека зградата е ставена под заштита на државата за време на Третиот рајх и дека тоа не би требало денес да важи.
Идејата за урнувањето на родната куќа на Хитлер во Браунау ја поддржала Еврејската заедница во Австрија.
Куќата се наоѓа во близина на глвниот плоштад, а Хитлер во неа поминал три години. Одлуката за одземањето на куќата е донесена за да се спречи тоа здание да биде место кое би привлекувало неонацисти.
Министерството за внатрешни работи од 1972 година ја изнајмувал од сопственикот таа куќа, плаќајќи 4.800 евра месечна кирија за 800 квадрати. Сопственичката одбивала повеќе понуди за откуп на зградата и таа сега ќе добие отштета.
Семејството на актуелната сопственичка ја продала таа куќа во 1938 година, на Национално-социјалистичката партија за добра сума.
Според документите на нацистичката партија, личниот секретар на Хитлер Мартин Борман куќата ја купил за тогашни 150.000 рајксмарки, што била четириструка вредност на зданието во тоа доба.
Семејството на актуелната сопственичка во 1954 година ја повратила куќата плаќајќи 150.000 шилинзи, што било само еден дел од сумата која за зданието го платила нацистичката партија.