Косовското Министерство за образование даде денеска упатства до професорите и учениците да занемарат пасус во еден средношколски учебник во кој рок музиката е оквалификувана како „криминална“.
Министесртвото соопшти дека професорите не смеат да обрнуваат внимание во дел од учебникот во кој пишува дека „е докажано оти рок музиката, порнографијата и насилството на телевизија се криминални“.
Тој пасус од учебниците ќе биде исфрлен во следните изданија.
Учебникот се користи најмалку осум години. Косовската телевизија дури минатата недела објави вест за спорниот пасус.