Режисерот Фрејзер Ц. Хестон во 2007-та година го пронашол изгубениот дел од филмот кој го снимил уредникот на “Argosy Magazine”, Милт Малин.
Документарецот “Потрага по Мајкл Рокфелер” ќе разоткрие една од најголемите мистерии на 20-от век, иако се мислело дека станува збор за скриена тајна која ќе остане нерешена. Филмот ги потврдува сомнежите дека канибали го изеле синот на американскиот бизнисмен и гувернер на Њујорк, Нелсон Рокфелер.
Режисерот Фрејзер Ц. Хестон во 2007-та година го пронашол изгубениот дел од филмот кој го снимил уредникот на “Argosy Magazine”, Милт Малин, човекот кој давал имиња на други мистерии и ги истражувал, меѓу кои и Бермудскиот триаголник.
Снимката потекнува уште од 1969-тата година, за време на експедицијата во Нова Гвинеја, и доказ е очевидецот кој тврди дека Мајкл бил жив и здрав се додека не паднал во рацете на локалните дивјаци. Овој филм ќе биде прикажан на 1-ви февруари, кога сите ќе можат да се уверат во новите сознанија и откритија врзани за смртта на синот на Рокфелер.
ВИДЕО НА СЛЕДНИОТ – ЛИНК