До Државната изборна комисија (ДИК) досега се пристигнати 12 приговори за постапката на гласање на двојните избори во неделата за што рокот заврши во 19 часот. До полноќ партиите можат до ДИК да поднесуваат приговори, но за сумирањето на резултатите од гласањето
Се очекува членовите на ДИК во текот на утрешниот ден да одлучуваат по овие приговори и по оние што евентуално би пристигнале до полноќ.
За одлуките на ДИК партиите можат да поднесат тужба до Управниот суд, кој за нив треба да се произнесе во рок од 48 часа.
Во неделата во Македонија се одржа вториот круг од претседателските избори и предвремени парламентарни избори.