Рокот истече: Партиите се уште без согласност за договорот од Пржино


Партиските работни групи и на синоќешната рунда разговори во Клубот на пратениците не постигнале согласност околу отворените прашања од Договорот од Пржино.

Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека главните несогласувања се околу ингеренциите на новите министри и заменици министри што треба да ги предложи опозицијата. Според Договорот од 2 јуни и 15 јули, рокот за избор на нови министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика, како и заменици министри во ресорите финансии, земјоделство и администрација и информатичко оштество, истече ноќеска на полноќ. gruevski zaev ahmeti taci

Медијаторот во работните групи, Питер Ванхауте пред почетокот на синоќешната средба изјави дека на маса ќе бидат законите за влада, за т.н. „свиркачи“ и за прислушуваните материјали.

Засега нема закажано собраниска седница на која би се разгледале точки предвидени со Договорот од Пржино.

Денеска претпладне треба да биде одржана седница на Советот за јавни обвинители, но нема официјална потврда дека ќе се разгледува предлогот што завчера го доставила специјалната обвинителка Катица Јанева за избор на преостанатите седум нејзини помошници. Седницата на Советот претходно беше најавена за вчера.

Претседателот на Советот Петар Аневски претходно потврди дека го добил дописот од министерот за правда Аднан Јашари, во кој по постигнатат согласност меѓу четирите најголеми политички партии, се бара да се изберат и останатите седум обвинители во Специјалното јавно обвинителство.

Комплетирање на тимот на Јанева е условот што го постави опозицијата за продолжување на разговорите околу другите прашања меѓу кои и Изборниот законик, за кој, како што информира европскиот посредник во меѓупартискиот дијалог Питер Ванахауте, е постигната согласност.

Загриженост поради застојот во спроведувањето на политичкиот договор вчера искажаа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и американскиот амбасадор Џес Бејли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1