Романец не успеа на суд да докаже дека е жив


Романски државјанин не успеа во локалниот суд во градот Васлуј да докаже дека е жив. Имено, 63-годишниот Константин Релиу побара од судот да го признае за жив, но ја загубил битката.

Судската одлука е конечна, а образложението на Судот гласи дека барателот задоцнил со жалбата.

Релиу заминал на работа во Турција во 1992 година и загубил секаков контакт со семејството во Романија. Откако сосем се прекинале врските, неговата сопруга побарала и добила посмртница за него во 2016 година.

Турските власти годинава го фатиле Релиу со документи со изминат рок и го депортирале во родната Романија. Таму дознал дека е официјално прогласен за починат.

– Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам приходи и поради тоа што сум регистриран како починат, не можам да најдам работа, вели несреќниот Романец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1