Романија во шок по загинувањето на 27 млади во дискотека – ВИДЕО


Во големиот пожар кој избувна во еден од најпосетените ноќни клубови во Букурешт загинаа 27 млади луѓе, а повеќе од 180 се повредени, што е едена од најтешките трагедии во романската престолнина.

„Ова е голема трагедија. Ова е најтешката несреќа од овој вид“, изјави романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.bukurest

Во несреќата загинаа 27 млади луѓе, меѓу кои има и малолетници, се наведува со соопштението на романското министерство за внатрешни работи, и се додава дека 162 лица повредени во оваа несреќа се хоспитализирани во повеќе болници во Букурешт. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде повисок, биејќи најмалку 25 од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Во тек е истрага за причините на несреќата којашто се случила по 23 часот по локално време. Во дискотеката „Colectiv“ се собрале неколку стотици млади луѓе, според очевидци меѓу 200 и 400, на концертот на романскиот хардрок бенд Goodbye to Gravity, кој таа вечер го промовирал својот нов албум.

Повикувајќи се на очевидци, романските медиуми пишуваат дека во текот на пиротехничкото шоу се случила експлозија по која се запалил столб и дел од таванот, а просторијата ја исполнил густ чад, што предизвикало паника. Многумина кои се обидувале да се пробијат кон излезот, се здобиле со повреди на нозете а поголем рој се затруени од чадот, соопшти министерството за здравство.

„Луѓето паѓале во несвест од чадот. Завладеал хаос, луѓето газеле преку другите“, изјави за порталот EVZ, Виктор Јонески, очевидец на несреќата. Според други сведоштва, во текот на несреќата во функција бил само главниот влез на дискотеката, а се наведува и дека сопственикот на клубот немал дозвола за употреба на пиротехнички средства.

Романскиот претседател Клаус Иоханис на својата страница на Facebook објави дека е „потресен и тажен поради несреќата“, и изрази „солидарност и сочувство“ со членовите на семејствата на жртвите.

Идентификацијата на жртвите е отежната поради тоа што многумина немале кај себе лични исправи. На социјалните мрежи се отворени страници на коишто се повикуваат граѓаните да даруваат крв за повредените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1