Актерката Роуз Мекгован е меѓу првите жени што го обвини поранешниот шеф на „Мирамакс“ Харви Вајнстин за сексуално насилство, а потоа му ја уништи буквално целата кариера.
Сега таа е меѓу првите што ги чувствува последиците по тие изјави, а е и една од најгласните жени во движењето #TimeIsUp.
Како што пренесуваат светските медиуми, овие денови Роуз била принудена да ја продаде својата куќа за да може да ја финансира правната борба против продуцентот Харви Вајнстин. Својот дом во Холивуд го продава по цена од два милиони долари, имот што го купила во 2011 година.
– Навистина е страшно, морам да ја продадам мојата куќа, мојот дом за да можам да ги подмирам правните трошоци додека се борам за правда против она чудовиште – изјавила Роуз за „Ентертејнмент викли“.