Розовото фламинго е забележано во Охридско Езеро


Во крајбрежниот дел на Охридско Езеро, во близината на Подградец, Албанија, деновиве се забележано јато ретки птици што му припаѓаат на видот розово или големо фламинго (Phoenicopterus roseus). Според она што можеше да се види, птиците се наоѓаат во плиткиот дел од езерото, барајќи храна.

!!strkСпоред она што можеше да се види, птиците се наоѓаат во плиткиот дел од езерото, барајќи храна.
Според оринтолозите, научници што се занимаваат со проучување на птиците, во нашата земја ваква појава досега не била евидентирана на Охридско Езеро.

Досега јата фламинга се забележани само на Преспанско Езеро, каде што може да се сретне и птицата пеликан. Сепак, досега немало таков податок за Охридско Езеро. За Преспа има детални фотографски податоци за јатата фламинга, на пример времето кога се забележани, колку птици имало јатото и други информации, велат научниците. Тие објаснуваат дека птиците фламинго се хранат со одреден вид планктон и на езерата слетуваат само поради храна, но не се вгнездуваат.

Во научните истражувања може да се прочита дека розовото фламинго е најраспространет вид од фамилијата фламинга. Се среќава во делови од Африка, Јужна Азија и јужните делови на Европа, вклучувајќи го крајбрежјето на Шпанија, Португалија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Италија, Франција, како и во Македонија.  Фламингото, или како што уште се нарекува црвена чапја, е птица слична на штркот, потекнува од Западна Азија и од Северна Америка.  Некои популации фламинга се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена, а поретко со слатка вода.

novamakedonija.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1