РЦУК демантира дека браната се урнала


Состојбата е непроменета – информираат од РЦУК

Бидејќи во последниве неколку часа, одредени електронски медиуми излегоа со информација дека браната во Слатино е целосно урната, потенцираме дека состојбата со браната на акумулацијата Слатино  е сеуште непроменета и се преземаат соодветни мерки за да не дојде до нејзино целосно уривање, информираат од Центарот за управување со кризи

Slatino1 „Имено, во текот на вчерашниот ден екипа на Републичкиот центар за управуање со кризи Охрид и присутни претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање извршија стручно согледување на оштетувањата и препорачаа да се изврши контролирано испуштање на вода од акумулацијата преку испустните цевководи.

ДЗС од Охрид на самото место со свои екипи за интервенција пристапи кон отворање на клапните од цевководите и при тоа се ослбоди цевководот со пречник од 350 мм, а додека цевководот од 450 мм нема технички можности да се отвори. Количествата на вода кои истекуваат од браната се проценуваат на 4-5м3 /сек., што е приближно исто со дотекот во акумулацијата од Мраморечката река и изворите непосредно на брегот од акумулацијата.

Вкупното оштетување на браната во овој момент е со должина од 15-20 метри од круната на браната и со висина од околу 18 м и при тоа висината на земјениот насип во зоната на оштетувањето не е поголема од 1 м од страната на водата. Од почетокот на настанот на самото место има претставници на општината Дебарца како и на СВР Охрид кои вршат обезбедување на самото место и поширокиот реон, конкретно на патниот правец од с.Издеглавје кон с.Слатински Чифлиг и с.Слатино. Оперативниот центар на ПОРКОА – РЦУК Охрид е во постојан контакт со чуварот на браната и ја следи состојбата“ – велат од РЦУК

СЕ УРНА ЦЕЛОСНО БРАНАТА НА СЛАТИНСКО EЗЕРО
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1