Рудникот Иловица крие 69,5 тони злато


Во рудникот Иловица се наоѓаат 69 и пол тони злато и 411 тони бакар. Според студијата на канадската компанија „Еуромакс“, рудникот нуди потенцијал за наредните 23 години.

Студијата на канадската компанија „Еуромакс“ ги потврди резервите на бакар и злато во наоѓалиштето Иловица. Компанијата ги објави новите резерви на руда. Во Иловица се наоѓаат 69,5 тони злато и 411 илјади тони бакар, пренесува Канал 5.

ilovica

Концесионерот „Еуромакс“ смета дека со ваквите проценки Иловица нуди економски потенцијал за следните 23 години. Од наоѓалиштето годишно ќе се вади 10 милиони тони руда од кои 2,7 тони злато и по 16 илјади тони бакар, велат од компанијата. Канаѓаните планираат рудникот да почнат да го градат до 2016, а од 2017 веќе да почнат со експлоатација на златото и бакарот. Во рудникот треба да се вработат 400 луѓе и да се инвестира околу половина милијарда евра.

Од компанијата најавуваат дека за две годни водечки експерти од геологијата ќе направата детално проектирање на наоѓалиштето до изградбата на рудникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1