Русија протера македонски дипломат


Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција „Риа новости“.

Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, пишува во соопштението на руското МНР кое го пренесуваат руските медиуми.

Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1