Руски хакери со месеци, а можеби и со години го пробивале и-меил сервисот Јаху, и така успеале да дојдат до лозинките на 500 милиони корисници, тврдат извори од американските безбедносни служби.
Меѓу „жртвите” најмногу има претставници од властите на Русија и САД и новинари. Можно е хакерите да го користеле пристапот до туѓите и-меил адреси и заради финансиска корист, велат стручњаците.
Овој напад се смета за втор најголем хакерски напад во историјата на интернетот.